Божиќ и Бадник се празници кога семејството се собира дома, а како што вели една поговорка: „Кај и да си, за Бадник дома да си“.

Објавил: Весна Петровска | 7 јануари, 2020 15:31

ЅИРНЕТЕ ВО БОЖИЌНАТА АТМОСФЕРА ВО ДОМОТ НА „НЕКСТ ТАЈМ“ – тие ја имаат оригиналната ЧЕСТИТКА!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Ѕирнете во празничната атмосфера на браќата Мартин и Стефан од групата Некст тајм.

Божиќ и Бадник се празници кога семејството се собира дома, а како што вели една поговорка: „Кај и да си, за Бадник дома да си“.

Македонските јавни личности преку социјалните мрежи го честитаа Бадник и Божиќ со најискрени желби за мир, спокојство, среќа, љубов и здравје. Некои од нив открија кај кого се паднала паричката, па тие ќе имаат успешна и бериќетна година.

Браќата Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“ со видео од домашната празнична атмосфера, покрај богата бадникова трпеза и песната „Нешто ќе те питам бабо“ ги честитаа празниците на сите кои слават.

„Среќни празници,без разлика на верата да сте здрави живи спокојни и среќни сите!!! Христос се роди“, напишаа на социјалните мрежи.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.