На трибината присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов кој ги слушна идеите и мислењата на присутните.

Објавил: Владо Марин | 25 август, 2020 19:07

ЈАВНА ТРИБИНА: ПОТРЕБНА НИ Е НОВА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата, како и претставници на организатори на фестивали и културни манифестации денеска разговараа за моменталната состојба во која се наоѓа Универзалната сала, за нејзината иднина и за потребите на фелата и на публиката, на трибината што се одржа во просториите на МКЦ, а во организација на Град Скопје.

На трибината присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов кој ги слушна идеите и мислењата на присутните.

Модераторот на трибината, советникот во Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски, на почетокот предочи дека од Градот Скопје се разгледуваат 3 опции во врска со Универзалната сала – постојната сала да се реизгради на истото место; да се изгради нова сала на нова локација, или, во исто време и да се обнови стариот објект и да се гради нова сала.

Тука, секоја година, редовно се одржуваше и престижниот скопски Џез- фестивал, се уживаше во настапите на величествените Cesária Évora, Ray Charles, Tito Puente, Youssou N’dour, Мариса Монте, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Social Club и многу други.

Универзалната сала во Скопје, официјално беше пуштена во употреба на 10 јануари 1966 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје, како резултат на светската солидарност и помош, со изведба на драмската претстава „Виктор или деца на власта“ во изведба на „Атеље 212“ од Белград.

Веќе на 16 јануари 1966 е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински. Оттогаш до денес се одржани над 5.700 манифестации, следени од над 8.500.000 посетители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.