Длабоко сум убеден дека не ја разрешивме политичката состојба туку се усложи до невидени размери, јас сакам да прашам повтроно ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат криви за оваа ситуација затоа што кога убедувавме дека треба да ги одложиме изборите, треба да се фокусираме на најбитната работа, а тоа е одбрана од оваа биолошка војна и од корона вирусот, еве во каква ситуација се доведовме.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 19:54

Јакимовски:Одржување на изборите по секоја цена беше една фарса на Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Само Вистина, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски  зборуваше за изборите кои се одржаа на 15 јули и посочи дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Стевчо Јакимовски  — претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и поранешен градоначалник на Општина Карпош.
По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.
Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат.

Длабоко сум убеден дека не ја разрешивме политичката состојба туку се усложи до невидени размери, јас сакам да прашам повтроно ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат криви за оваа ситуација затоа што кога убедувавме дека треба да ги одложиме изборите, треба да се фокусираме на најбитната работа, а тоа е одбрана од оваа биолошка војна и од корона вирусот, еве во каква ситуација се доведовме. Што ни се случува сега, нели изборите требаше да ги направиме затоа што немаме Парламент, затоа што немаме Влада, ние гледаме некој да преговара за Влада или отидоа да одмараат и да возат мотори што значи дека се било фарса, се било лага да одиме на избори за да сега одмараме и викаме после празникот Илинден ќе почнеме да разговараме за Влада што значи дека тоа не било како што некој се обидуваше со маркетинг трикови да претстави дека потоп ќе биде во Македонија ако нема Влада, ако не функционираат институциите, а сега гледаме дека воопшто нема загриженост за тоа што во Република Македонија немаме функционална влада, нема Парламент, истакна Јакимовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...