Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо, му напиша Јакимовски на Каракачанов.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 октомври, 2020 5:49

Јакимовски до Каракачанов: Ако си маж дојди ти на чело на полкот во Македонија, ќе те кренеме на клоци и ќе поминеш како твоите Бугари во Втората Светска Војна

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По скандалозната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе испрати полк во Македонија да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историската вистина, преку социјалните мрежи му одговори лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски.

Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „какале“ дојди на чело на полкот, му порача Јакимовски на Каракачанов.
Според Јакимовски Каракачанов ќе помине како неговите Бугари во Втората Светска Војна.

Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо, му напиша Јакимовски на Каракачанов.

 

Инаку, од историјата е познато дека во битката кај Чупино Брдо, македонските партизани предводени од генералот Михајло Апостолски, иако имаат само 2900 борци, ја прегазуваат како плиток поток 52-та бугарска дивизија која има 12.000 војници.

Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стрелале на Страцин, му пишува Јакимовски на бугарскиот министер за одбрана.

И тогаш Каракачанче сте мислеле дека сте многу силни оти сте биле побројни и по вооружени ама Генерал Апостолски ве дигна на клоци, му порача Јакимовски на Каракачанов.

Затоа пак ќе ви кажеме не се мангупирајте многу зошто Македонката како што знаеше да го роди најголемиот војсководец во историјата на човештвото Александар Македонски, да ги роди Сандански и Делчев така ќе роди и нов Апостолски, пишува тој на својот фејсбук профил.

Јакимовски вели: Ах што не сум министер за одбрана. Ни премиер ни претседател фермам.

Владата реагира на изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој изјави дека ќе прати полк да ги урне спомениците во Скопје. 

Од Владата ја осудуваат изјавата на Каракачанов кој пред неколку дена во радио интервју порача дека е подготвен да ја испрати бугарската војска во Македонија да ги сруши сите споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

Вакви изјави се недостојни и недолични. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија. Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.