Во краток разговор во судот, неговиот адвокат Еленко Миланов, кажа дека денеска му било дадено премногу кратко време да се види и да разговара со својот клиент, но дека според однесувањето, поранешниот министер не бил истиот човек.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2019 19:07

Јанакиески во лоша состојба: Видно изнемоштен се појави на рочиштето за „Талир“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Видно изнемоштен денеска во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Талир“ се појави поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според информациите кои Алфа ги доби од неговиот адвокатски тим, веќе 12 дена штрајкува со глад во истражниот затвор Скопје.

Во краток разговор во судот, неговиот адвокат Еленко Миланов, кажа дека денеска му било дадено премногу кратко време да се види и да разговара со својот клиент, но дека според однесувањето, поранешниот министер не бил истиот човек.

Неговата сопруга, Сања Јанакиески пред неколку дена на Фејсбук напиша дека тој е жртва на присохолшка војна,  дека правдата ќе излезе на виделина, но дека не е сигурна дека нејзиниот сопруг ќе ја дочека здрав.

-Сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува. Знам дека вистината еден ден ке излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ке ја дочека здрав и читав, напиша на Фесјбук пред неколку дена Сања Јанакиески.

Јанакиески на штрајк со глад се реши поради апсурдноста на одлуките на судот. Имено, истиот ден кога му беше определена мерката притвор за случајот познат во јавноста како Шпански скали, во случајот каде е осомничен за собраниските настани од 27 април, му беше продолжен куќниот притвор. Што според праксата преставува навистина нелогичен сплет на настаните, со оглед на тоа што тој без никакви проблеми ја издржуваше мерката куќен притвор. Тој ја одбил и храната која на втори јули неговата мајка ја испратила во затворот во Шутка, а единствен одговор кој го добиле е дека не сака да ја земе бидејќи штрајкува со глад. Неговата сопруга, на Фејсбук напиша дека на овој начин во моментов Јанакиески ја води борбата за правда.

-И да тој штрајкува со глад, веќе цела една недела! Бегло беше соопштено ова како и да не е нешто многу важно, зарем не е? Борбата за правда да се води на овој начин , заради тоа што институциите на правдата немаат слух или намерно го изгубиле?  Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото ‘’уапси го Миле”и …и што?! Се прашувам кај се милионите, не милијардите кои биле украдени?!, напиша на Фесјбук пред неколку дена Сања Јанакиески.

Судењето за случајот „Талир“ денеска беше одложено за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците. Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристовска од СЈО.

ИЗВОР: АЛФА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести