Обвинетиот Миле Јанакиески поранешниот министер за транспорт и врски денеска во судницата рече дека не разбира зошто на обвинителството му се брза за овој предмет кој застарува во 2031 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 15:47

Јанакиески: Нема логика обвинителството да го брза ТНТ, предметот застарува за 11 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со нов состав на судечкиот совет и резервен судија поротник денеска во Основниот кривичен суд – Скопје започна од почетокот судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

Фијат Цаноски е роден на 2 октомври 1960 година во Струга. Според еден извор, неговото семејно потекло е од селото Октиси. Цаноски е еден од основачите, заедно со Бојо Андрески, на еден од првите приватни факултети во Македонија – Факултетот за општествени науки (ФОН) со насоки европско право и право на ЕУ, дипломатија и меѓународна политика и банкарски менаџмент. Во 2006 година, го создава приватното средно училиште „Петта приватна гимназија“. Во прислушуваните разговори, името на Фијат Цаноски е споменувано од високи државни функционери, што се индиции за политичка пресметка со Фијат како политички опонент.  Резултатот е очигледен – комплексот „Космос“ е урнат во 2011 година.

Обвинетиот Миле Јанакиески поранешниот министер за транспорт и врски денеска во судницата рече дека не разбира зошто на обвинителството му се брза за овој предмет кој застарува во 2031 година.

Малку е чудно што на почеток на главно рочиште, кога обвинетиот е тука, обвинителството бара раздвојување на постапката. За мене нема логика ова, особено што предметот застарува во 2031 година. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет, рече Јанакиески.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба,Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

СЈО за случајот „Космос“ на 21 април 2016 година го отвори случајот „ТНТ“ и покрена обвиненија.
Со обвинението не беа опфатени аболицираните: поранешен премиер; поранешен министер за транспорт и врски и градоначалникот на општина Гази Баба, но осомничени се и четворица други соработници и бизнис партнери на општината, кои директно се инволвирани во незаконското рушење на „Космос“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.