Адвокатите предупредуваат дека повторно ќе бараат домашен притвор заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат судски одговор во врска со гаранцијата што Јанева претходно ја обезбедила за ослободување од затворот Шутка.

Објавил: Весна Петровска | 11 октомври, 2019 14:47

Јанева и денеска останува во болница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Екс специјална обвинителка Катица Јанева, најверојатно, и денешниот ден ќе го помине во болница.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за телевизијата Алсат изјави дека Јанева има здравствени проблеми и аномалии. Според неа, поранешниот специјален обвинител минува низ некои други процедури за тестирање на нејзиното здравје.

Адвокатите предупредуваат дека повторно ќе бараат домашен притвор заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат судски одговор во врска со гаранцијата што Јанева претходно ја обезбедила за ослободување од затворот Шутка.


Лекарскиот тим ја открива здравстена состојба на Катица Јанева, лекарите и препишале само медикаментозна терапија.

Констатирано е проблем со кардиоваскуларниот систем, но нема да има никаков оперативен зафат. Јанева цело време од нејзиното пристигнување во Клиниката “Жан Митрев” е во придружба на пет службени лица, кои што се постојано со неа и за време на испитувањата кои се прават и во собата што лежи.

Јанева е целосно изолирана во посебна просторија без присуство на други пациенти. Голема е веројатноста и вечерва да ја помине во Клиниката “Жан Митрев”.

Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно од таму добиваше третман и терапија за нејзината состојба.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.