Како што објавија медиумите, денеска повторно ѝ се слошило на Јанева, која од притвор со полициска придружба беше донесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 18:59

Јанева не издржа на погребот на мајка си, ѝ се слошило во капела и се вратила во притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катица Јанева денеска присуствуваше на погребот на својата 83 годишна мајка, која почина вчера утрото, непосредно пред нејзиното апсење. 

Како што објавија медиумите, денеска повторно ѝ се слошило на Јанева, која од притвор со полициска придружба беше донесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

Наводно на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија. Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и по дваесетина минути повторно со полициско возило заминала во притворот во Шутка во Скопје.

Денеска повторно ѝ се слошило на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, за време на погребот на нејзината мајка… фото Република.мк

Вчера исто така на Катица Јанева ѝ се слошило откако беше изнесена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Повикана беше Брза помош. Лекарската екипа излезе по околу половина час.

За потсетување во текот на вчерашниот ден полицијата по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Апсењето следуваше откако Катица Јанева беше сослушана за случајот „Рекет“ завчера во присуство на адвокат.
Засега нема информации дали истрагата е проширена и на други лица.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и засега е откриено дека за незаконските дејства околу помагањето на осомничениот Орце Камчев во истрагата за “Империја”, наплатила од него скап мебел во вредност од околу 5.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести