сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Јанева е третоосомничена во случајот „Рекет“ а попладнево со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде што во моментот се наоша во притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција каде ќе го искористи правото да изврши увид во доказите против неа за случајот „Рекет“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 15:21

Јанева со полиција тајно донесена во обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ирена Фрчкоска адвокатката на Јанева пред новинарите, појасни дека Јанева најпрво ќе го искористи правото да изврши лично увид во доказите па потоа ќе даде исказ.

Вилма Рускоска, надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.

Зоран Милевски-Кичеец, кој беше второосомничен за случајот со одлука на судот е префрлен во домашен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.