Јанева тврди дека нема врска со “Рекет“, јавноста смета дека е длабоко вмешана во скандалот!

Објавил: Данаил Михајловски | 23 јули, 2019 15:17

Јанева: Чиста сум за “Рекет“! Јавноста: Не сме малоумни!

Фото/Текст извор: ©магазин

После седумдневно криење од јавноста, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес одржа куса прес конференција во врска со скандалот “Рекет“, кажа “чиста сум“ и избега од новинарите. Но, перцепцијата, преку она што може да се види на социјалните мрежи, е дека јавноста не И верува на Јанева, ниту на нејзините тези дека таа е невина, а дека Боки13 ја злоупотребил за да изнудува милионски суми од бизнисмени, користејќи прислушкувани разговори од СЈО. Тезите на Катица дека некои други актери се криви, а таа немала врска со тоа што се случувало, наидуваат на потсмев во јавноста!

Тврдењето на Катица Јанева дека против неа имало хајка, па затоа биле невина за скандалот “Рекет“ наидува на потсмев.

Дел од реакциите на социјалните мрежи пренесуваме тука, а нивниот заеднички имените може да се сведе на тоа дека граѓаните сметаат дека Катица Јанева им ја потценува интелегенцијата со нејзините неконзистентни ставови. Влијателната новинарка Јорданка Ивановска – Јоци, го критикува бегањето на Катица од новинарите и истото го поврзува со нејзиниот страв да одговори дали во разговорите на кои Боки13 бил снимен како изнудува рекет, се слуша на интерфон и нејзиниот глас како дел од дејствието кон оштетениот. Краткиот коментар на Јоци, кој кажува многу за перцепцијата кон Катица јанева, е “ништо не И верувам“. 

Ивор Мицковски за пресот на Јанева: “Тажна приказна“!

Критичарот на владеењето на Груевски, доскорешен новинар во ТВ Телма, Ивор Мицковски, исто така со краток, циничен и критичен коментар за прес конференцијата на специјалната обвинителка Јанева: “Под присила сите тие селфиња и шифрирани пораки, синот насилно турнат да работи за рекетар, тажна, тажна приказна“! Социјалната мрежа Твитер “се запали“ пораки, смешки, критики, исмевања и коментари против Катица Јанева. Не е одбегнат ниту нејзиниот син, кој веројатно по нејзино барање, мораше да дава лажен исказ дека мајка му го изгубила нејзиниот втор телефон во Белград, а потоа испадна дека истиот е пронајден кај неговата девојка, на која Катица Јанева И го подарила. 

Катица Јанева во СЈО пристигнала со службено возило, и тоа меѓу новинарите се коментираше дека таа има намера докрај да ги користи привилегиите и моќта. Чудно е што на Јанева И се одземени 2 мобилни, но таа сеуште не е повикана да даде исказ за ,,Рекет” во ЈО, нема никакви мерки против неа, не е осомничена, ниту И е одземен пасошот.

Дел од јавноста смета дека со воите изјави Катица се обидува да ги направи малоумни!
Јас не сум виновна. Фала. Пријатно!

Денешниот прес на Катица Јанева и глумењето на правна држава од првата обвинителка на СЈО, во време кога има индиции дека токму таа и СЈО станале алатка за незаконити постапки и криминал, е права пародија за целата држава. Најпародоксален беше крајот на прес конференцијата на Јанева, која пред побегне од новинарите ги повика надлежните органи темелно да го истражат овој случај!? Да не беше трагично, ќе беше смешно. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...