Новинарот истакна дека ги примил заканите, и дека од сега па натаму сите оние кои планираат да се занимаваат со неговото семејство ќе бидат пријавени во соодветните институции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 17:09

Јанко Илковски: Добивам закани преку своите деца, ќе бидам приморен да се бранам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и водител на емисијата Јади бурек, Јанко Илковски јавно на својот Фејсбук профил објави дека добива закани, преку своите деца упатени до неговата сопруга.

Јанко Илковски добива закани преку своите деца

Новинарот истакна дека ги примил заканите, и дека од сега па натаму сите оние кои планираат да се занимаваат со неговото семејство ќе бидат пријавени во соодветните институции.

Револтиран вели дека од сега заканите треба да ги добива лично, и дека е приморан да го брани своето семејство.

Добив закани кон мојата сопруга. Таа закана беше испратена преку моето дете! ОК, пораката е примена. Заканата спрема најблизок член на смејство е и лично спрема мене!
Фала, пораката е примена! Одсега па натаму, проблемот е лично со мене и само со мене!

За било какви последици, утре ќе се повикам на оваа моја објава, како одговор за заканите упатени на најдолен начин, не мене лично, туку преку моите деца за нивната мајка!

За ова ќе реагирам до институции, домашни и странски!

пс, молам, не ми кажувајте што треба, дали треба и како треба да правам, кога и самите не верувате во тоа што ќе ми го напишете ниту ќе има ефект, а најмалку дека институција или вие можете да ме заштитите, не ми требаат ни лајкови ни шерови, ни упатства, објавувам само за да имам на што да се повикам ако утре бидам приморен да се бранам јас, мојата сопруга или моите деца.

Ова не е прв пат Јанко да добива закани. Тој пред неколку години објави дека јавно добил закани по живот за неговиот син Максим.

Ми се заканија јавно дека ќе ми го убијат детето, мојот син Максим, јавно, на мојот личен профил, објави тогаш на социјалните мрежи новинарот Јанко Илковски, автор и водител на емисијата „Јади Бурек“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...