За порталот од Врховниот суд и адвокатите на екс министерката потврдиле дека заедно со барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Кривичниот суд, Јанкулоска приложила барање за времена казна, што значи дека дури не одлучи највисокит суд, казната нема да биде извршена.

Објавил: Весна Петровска | 14 јуни, 2019 19:54

Јанкулоска бара спас од казната- по стапките на Бучкоски се моли да не оди затвор

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за 16 дена треба да се појави во затворот во Скопје на издржува четригодишна затворска казна, објави А1 он.

За порталот од Врховниот суд и адвокатите на екс министерката потврдиле дека заедно со барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Кривичниот суд, Јанкулоска приложила барање за времена казна, што значи дека дури не одлучи највисокит суд, казната нема да биде извршена.

Од судот велат дека ваквите барање се извршуваат итно, но одлуката уште не е донесена.

Ваков ист обид направи и Владо Бучковски кој беше осуден за набавка на резервни делови на армиските тенкови со која го оштети државниот буџет за 2 милиони евра.

За потсетување, Гордана Јанкулоска доби казна од 6 години затвор во предметот „Тенк“ на СЈО за набавка на „мерцедесот“. Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност и овластување, рече тогаш судијката Добрила Кацарска.

Но по жалбите на адвокатскиот тим на Гордана Јанкулоска судот и ги уважи жалбите за „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

– Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести