„Да не заборавиме дека она корумпирано обвинителство под спрега на Заев водеше истрага и надвор од памет е дека не знаеле за аферата Кеш. Треба да ги вратат парите сите.“ рече Јанушев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2019 22:54

Јанушев: Дали требаше на Јанева да и се остави да оди во Грција и да се бришат телефони?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На вечерашната дебатна емисија на ТВ 24, Игор Јанушев го повика поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во државата за да ја отслужи затворската казна.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев во вечерашното гостување во 24 анализа, изјави дека власта не ги прифатила предлозите на опозициите за јавно обвинителство во врска со законот за јавно обвинителство.

„Да не заборавиме дека она корумпирано обвинителство под спрега на Заев водеше истрага и надвор од памет е дека не знаеле за аферата Кеш. Треба да ги вратат парите сите“ изјави Јанушев.

„Дали требаше на Јанева да и се остави да оди во Грција и да се бришат телефони? Дали има истрага за „Дијамед“?“ Како сопственикот велеше дека му бараат рекет? Да не заборавиме чиј пулен беше Русковска.“ – рече Јанушев.

Јанушев потенцираше дека Заев кога ќе ја изгуби власта, ќе ги остави своите сопартијци, на што Манчевски исто му одговори дека Груевски ги оставил и од јахти на забави пишува статуси на фејсбук.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во вечерашната дебата со Игор Јанушев се осврна на фамозните бонуси на СЈО, но и за трошењето на парите за пропаганда во времето на Груевски.

„Треба да има истрага, да види по кои основ се исплатени парите.“ – рече Манчевски.

Се плашам од искуството од она што се случи, како и на кој начин ова судство ќе реагира, дали ќе застарат случајите, дали нема да одржува судски рочишта, дали ќе бегаат луѓето, дали ќе имаме политички азиланти? Груевски треба да се врати и да си ја одлежи казната.“ истакна Манчевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести