Генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ, Јанушев, посочи дека време е Премиерот Заев да ја превземе одговорноста за фактот дека Македонија ја доведе во ќорсокак

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 6:32

Јанушев: Договорот е мртов, референдумот е неуспешен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јанушев во Топ Тема на Ваша Страна, за повлекување на ВМРО – ДПМНЕ од собраниската дискусија кажа дека нема потреба од јалова дебата.

Договорот е мртов, референдумот е неуспешен. Сигурен сум во нашиот став и дека пратениците од опозицијата ќе останат доследни. Граѓаните кажаа дека Договорот е мртов, не опозицијата, истакна Јанушев

Ова раководство на ВМРО – ДПМНЕ е уверено дека може да има подобар договор. – додаде Јанушев.

Јанушев реагираше дека власта сама го водела преговарачкиот процес без да ја консултира опозицијата: „Ние ги баравме лидерските средби. Не бевме информирани за текот на преговарачкиот процес“.

„Премиерот Заев треба да ја превземе одговорноста за фактот дека Македонија е во ќорсокак“. „Ние кажавме дека доколку референдумот помине ќе ја поддржиме одлуката“.

Дали ќе има избори или не, не зависи од ВМРО – ДПМНЕ. – кажа Јанушев, и додека дека доколку сепак се одржат избори: Апсолутно сум сигурен дека ќе победиме на изборите и ќе оформиме Влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести