Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 11:41

Јанушев: Имаме историски најлоша година, насилнички сменија име и распродадоа се што е Македонско

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После “блескаме” на Зоран Заев, сега ја слушаме и Радмила Шеќеринска дека “зад нив имале успешна година”, напиша во својот статус на Фејсбук Игор Јанушев, генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Фејсбук статус на Игор Јанушев…

Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!

По што го мерат успехот, по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија? Ако тоа за нив е успех, тогаш овие луѓе не знаат што е неуспех.

Сите останати ја имаме историски најлошата година! Година во која спротивно на Устав и Закон, насилнички и криминално сменија име и идентитет и распродадоа се што е Македонско … криминал, рекет, корупција, нерасветлени убиства …

Сепак, во една работа се согласувам со Шеќеринска, а тоа е дека “следната година ќе биде поуспешна”!

А, тоа ќе биде така затоа што оваа криминална власт ќе падне и ќе почне #ОбноваНаМакедонија!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.