Проширената програма значи и повеќе средства и поголема заработка. Значи, во исто време кога турка во Собранието срамен и противуставен закон за обвинителство, Дескоска не пропушти да се “спастри” себе си и своите најблиски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јануари, 2020 16:08

Јанушев: Кога тоне бродот, се знае кој прв го напушта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рената Дескоска освен тоа што се самопредложи, а подоцна и самоизбра за член на Венецијанската комисија, како министер за правда не пропушти да ја прошири програмата за правосуден испит со уште еден предмет кој нели “сосема случајно” го предава нејзниот сопруг.

Фејсбук статус на Игор Јанушев…

Проширената програма значи и повеќе средства и поголема заработка. Значи, во исто време кога турка во Собранието срамен и противуставен закон за обвинителство, Дескоска не пропушти да се “спастри” себе си и своите најблиски.

 

Оттука, ова е уште еден пример на жестока, безочна узурпација на државната функција за свои лични цели.

Живо ја интересира јавноста која е комисијата која е формирана за оваа намена? Станува очигледно дека Заев го напуштаат, а Дескоска наместо кон правда, единствено е посветена во обмислување позиции по поразот.

Или како што народот вели – кога тоне бродот, се знае кој прв го напушта… напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести