И официјално генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ, Игор Јанушев потврди дека во Собранието денес има уцени, закани, притисоци и обид за поткуп на пратеници од партијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 19:52

Јанушев: На пратеници им се понудени милиони евра да ги поддржат уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва на прес-конференција од штабот на партијата искажа дека се врши големо влијание врз пратениците од опозицијата со пари за да гласаат „ЗА“.

Воедно Јанушев порача Јавното обвинителство да почне со истрага на ваквиот скандал.

Денеска се случува вистинска драма. Се врши жестоки уцени, закани и притисоци на нашите пратеници. Во Македонија се апсат луѓе поради политички прогон, а денеска се тргува со нивната слобода. За возврат се бара поддршка за уставните измени. Се нудат парични награди, а доколку не се прифати, се прават случаи. Се врши влијание, се врши заплашување. – истакна Јанушев.

Јанушев посочи само еден од низата примери.

Ќе споменам неколку примери: На еден наш пратеник му се понуди еден милион евра за да гласа. На друг наш пратеник се понудени два милиони евра. На трет 250.000 евра. Сето ова е одбиено, бидејќи достоинството нема цена. Се работи за нашата татковина. Дополнотелно се активираат и други структури, а околу Собранието има полно „бричени“ глави кои се познати на подземјето. – изјави  Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ се обрати и до премиерот Заев.

Господине Заев, дали сте свесни како каков амбис ја водите државата? Тргнете ги рацете од волјата на народот. Никаде во свет нема Собрание кое што чека да се обезбеди мнозинство. Ова е невиден преседан и ќе ви се врати како бумранг. Ова не е создавање на мнозинство, ова е насилство врз македонската јавност. Во Собранието е Јавното обвинителство кое што треба да превземе мерки. – посочи Јанушев.

Воедно сакам да им оддадам признание на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои не подлегнаа на притисоците. Вие сте последната брана, и наша заедничка обврска е да опстоиме. И ќе опстоиме и ќе победиме, изјави Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.