Генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ, Јанушев со ставови за манифестираната селективна правда преку законот за амнестија но и пребегот на Никола Груевски, пропуст на СДСМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 6:33

Јанушев: Помирувањето е можно само ако се однесува за сите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Генералниот сектретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев во врска со можната амнестија вели дека ако сакаме да се гради правна држава не може да си играме судии и обвинители.

Тој притоа посочува дека помирување ќе има ако тоа се однесува на сите.

Може да има помирување ако се однесува на сите. Тие се неискрени, немаат искрени намери.

Ако имаа искрени намери ќе дозволеа да се отвори предлог законот и ќе интервенираа со предлог амандмани. Како што тргнало ќе им требаат две години да го завршат овој процес или пак ќе го одовлекуваат и кочат и да го условуваат со уставните амандмани и намерно да ги држат во џеб останатите пратеници. – рече Јанушев.

Во врска со прашањето за азилот на Груевски тој посочува дека поради неспособноста на власта на него му е дозволено да избега.

Сега уште пробуваат да се перат на азилот на Груевски. Па вие сте неспособни, вие го оставите да си отиде да избега и тоа треба на ВМРО – ДПМНЕ да му се препишува. Што не превзмавте мерки, што не направивте нешто. И сега ова што не сте способни да направите соодветно помирување нешто што вашиот премиер го најавува вие се обидувате да го оправдате тоа што Груевски побегнал.

ВМРО – ДПМНЕ не е криво тоа што Груевски побегнал. – кажа Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести