Јанушев вели тие бараат остварување на три основни принципи кога станува збор за СЈО,

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 април, 2019 10:52

Јанушев: СДСМ не сака расчистување со криминал, туку елиминација на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вчера беше гостин во телевизија 24. Тој изјави дека во една држава не смее паралелно д аима две обвинителства, бидејќи како што вели тоа е надвор од сите правни норми.

Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

Како што изјави тој ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу јасен. Вели тие бараат остварување на три основни принципи кога станува збор за СЈО, односно законот за јавно обвинителство за кој има преговори.

-Прво, потребно е целосно имплеметирање на меѓународните приниципи за јавното обвинителство. Ние не можеме да сме заморчиња за некои експерименти, не за вака крупни работи како сега. Станува збор за институција јавно обвинителство и треба да се применуваат меѓународни стандарди. Второ, потребна е заштита на човековите права согласно со меѓународните документи и пракса.

Додава дека би било фер изборот на јавен обвинител да биде по предлог на опозицијата, и вели дека нее важно може и по шест месеци или година, но СДСМ разумно е да го прифати ваквиот предлог.

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека треба да одговара секој што сторил криминал. Јанушев изјави дека владеачката партија не сака казна за криминал, туку сака елиминација на опозициската партија.

-Тука се ТАТ, Глобал, кога Заев бара едно евро за Вицето. Ако СДСМ спори со ова тогаш имаме доказ дека сте против право и правда, рече Јанушев. Тој укажа дека СДСМ не сака истраги за криминал туку сака елиминација на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.