Има една добра работа којашто професорката Силјановска ја говореше во текот на кампањата, ние не сме варвари и нема да земеме чекан и да ги уриваме плочите коишто ги ставија на новите институции, меѓутоа ние ќе ја продолжиме борбата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 11:28

Јанушев: Ќе го промениме уставот ако имаме 80 пратеници и Бадентерово мнозинство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доколку имаме мнозинство потребно во Собранието на Република Македонија за промена на уставот, да, ќе го направиме тоа. Дококу имаме 80 пратеници и доколку имаме Бадентерово мнозинство, ќе го направиме тоа.

Игор Јанушев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година. Јанушев дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 2006 година. Во период од 2015 до 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈСП – Скопје, пред тоа работи во Министерството за Транспорт и врски.

Има една добра работа којашто професорката Силјановска ја говореше во текот на кампањата, ние не сме варвари и нема да земеме чекан и да ги уриваме плочите коишто ги ставија на новите институции, меѓутоа ние ќе ја продолжиме борбата. Нашиот став да не се согласиме и да го сметаме за капитулантски Договорот со Грција, останува непроменет и ќе ги користиме сите средства, домашни и меѓународни во склоп на законите за да пробаме нешто да промени. Дали и кога ќе успееме, тоа само времето ќе ни суди, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

Јанушев рече дека пред меѓународните фактори како партија го велат истото она што го говорат и пред јавноста, а тоа е дека власта на СДСМ има направено многу криминали во однос на незаконските тендери, апсењето на новинари, но и за проблемите на вработените во јавната администрација кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, а трпат преместувања од страна на СДСМ, како и за предлог законот за јавни собири. Тој рече дека претставниците на меѓународната заедница се согласуваат со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За Јавното обвинителство е должност и обврска да го истражат тој криминал. За жал тие луѓе таму, мислам дека за џабе ја земаат платата бидејќи ништо не работат во однос на откривање на криминалот и корупцијата, дециден беше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.