Еден од фронтмените на оваа иницијатива е поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кој го обвини раководството на Мицкоски дека започнало кампања против сите што бараат негова одговорност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2021 17:11

Јанчев: Ако Мицкоски биде сменет, ќе се пријавам за нов лидер

Фото/Текст извор: ©faktor/magazin.mk

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека би се кандидирал за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, доколку на вонредниот конгрес најавен за 28-ми март му биде изгласана недоверба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски.

-Доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата – рече Јанчев за Фактор.

Инаку, Иницијативниот одобор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека имаат обезбедено двотретинско мноизинство, што е неопходно за конгресот да биде легитимен.

Еден од фронтмените на оваа иницијатива е поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кој го обвини раководството на Мицкоски дека започнало кампања против сите што бараат негова одговорност.

Имаме обврска и одговорност кон членството да ја поправиме грешката што ја направивме кога го гласавме Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Коневски на фејсбук.

Мицкоски, пак, водачите на оваа иницијатива ги обвини дека се уценети за да одработуваат за власта на Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика