Јанчев и Тодоров јавно изјавија дека немале средби со Заеви, но викендов пак "тајна" средба откако Мијалков заврши во притвор со цел одржување на парламентарното мнозинство

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 9:55

Јанчев, Тодоров и браќата Заеви на “работна” средба

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Безобразното јавно ортачење со власта од страна на триото Мијалков, Јанчев и Тодоров со браќата Зоран и Вице Заев, со поддршка за уставни измени, нема ни крај ни срам.

Откако Мијалков, Јанчев и Тодоров јавно изјавија дека невино се обвинети и отстранети од ВМРО – ДПМНЕ дека имале било какви контакти со премиерот или неговиот брат, особено пред периодот кога се гласаа уставните измени, се покажаа за лага.

Мијалков е во притвор, но тоа не ги спречило Јанчев, поранешниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ и Тодоров, поранешниот декаден министер на Груевски викендов да остварат тајна средба со браќата Заеви.

Имено во сабота вечерта во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржала средба меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и поранешниот министеротНикола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна.

Јанчев ниту ја потврдува, ниту ја негира средбата.

„Немам коментар“ беше краткиот одговори на Јанчев на прашањето оддали е точно дека се сретнале и за што разговарале. 

Очевидци тврдат дека средбата се одржала во познатиот хотел „Сириус“, некаде во периодот меѓу 20 и 20:30 часот во сабота вечер.

За што станувало збор на средбата останува енигма, но струмичката чаршија веднаш почна со приказни дека таа не била случајна. По притворањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој беше главен координатор во обезбедувањето на потребните осум опозициски пратеници за исполнување на двотретинското парламентарно мнозинство за отпочнување на процедурата за уставни промени, согласно договорот со Грција, сега неговата улога ја преземале Јанчев и Тодоров.

Па, дури им даваат и соодветна „тежина“ на „прва и втора“ виолина во „оркестарот“ поранешни членови на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, кои се согласуваат со промена на името на државата и уставните промени.

Во јавноста се повеќе е присутна дилемата дали, по притворањето на Мијалков, е доведено во прашање двотретинското мнозинство. Во тој контекст, средбата во „Сириус“ се означува како градење стратегија за тоа како понатаму. Претставници на власта се децидни дека притворот на Мијалков, како и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, нема да ја нарушат постигнатата „идила“.

Инаку премиерот Зоран Заев, официјално, викендов беше во работна посета на Струмица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.