-Роден сум на први ноември 1981 година, а не на 10-ти јануари 1982 година, како што пишува во членската книшка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 октомври, 2019 9:05

ЈАНЧЕВ ЌЕ ЈА ТУЖИ КАРАКАМИШЕВА ЗА ИЗМАМА: „Да ми се извини јавно за клевета и да појасни дали таа го направила фалсификатот„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ќе ја тужи професорката Тања Каракамишева за фалсификат и клевета, доколку таа не му се извини јавно, објави Фокус. Реакцијата доаѓа откако професорката на својот Фејсбук профил објави фотографија од членска книшка од СДСМ на име Митко Јанчев, издадена во 2004 година, а под неа напиша:

– Кога партиите се хоби и строгонаменски бизнис.

Поради овие невистиним барам јавно извинување во спротивно ќе постапам согласно законот“, објави Јанчев.

Во телефонски разговор за ,,Фокус” Митко Јанчев вели дека се работи за измама и фалсификат од страна на професорката, и открива дека дури и датата на раѓање која е наведена на книшката не се совпаѓа со неговиот датум на раѓање.

-Роден сум на први ноември 1981 година, а не на 10-ти јануари 1982 година, како што пишува во членската книшка. Се работи за фалсификат, и ова е уште еден обид за моја дискредитација. Доколку не ми се извини јавно, Каракамишева ќе добие тужба за фалсификат и клевета. Пред надлежните органи нека појаснува дали таа го направила фалсификатот, или пак од некаде го добила. Не сакам да навлегувам во тоа. Според серискиот број на книшката, лесно ќе се открие кој ја поседувал – ни изјави градоначалникот.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја превземал на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија.

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и Претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.