„Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право“.

Објавил: Македонка Димкин | 22 јуни, 2018 11:01

Јас сум Македонец и никој нема право ова да ми го порекне

Фото/Текст извор: ©вмро-дпмне

Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.

Христијан Мицкоски (29 септември 1977 во Скопје) — македонски политичар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски има дипломирано на машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2001 година, по што се вработил како професор. Во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев. Избран е за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово.

» Ние као партија сме кажале дека за идентитетските прашања не се преговара. Со самото тоа што они во овие преговори каживаат дерка успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дала право да преговараат, подвлече Мицкоски и запраша:

„Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право“.

Не е точен аргументот дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот, бидејќи тоа се стекнати права. Апсолутно не може тоа некој да го прикажува преку една димна завеса во јавноста дека тоа е некаква придобивка за македонскиот народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.

» Ние не само што не ги задржавме тие стекнати права туку ги изгубивме, бидејќи сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава Ципрас и министерот Коѕијас. Од наша страна на тие изјави не слушнав ни еден демант, напротив слушам молк, а молчењето во многу наврати значи одобрување, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сега во личните карти во државјанство/националност стои Македонско/Macedonian, а во иднина тоа ќе го нема и ќе стои Македонско/Граѓанин на Република Северна Македонија.

– Ќе бидеме Македонци во територијата на Северна Македонија, а порано бевме Македонци во цел свет, нагласи Мицкоски.

Во врска со јазикот тој посочи дека сега со фуснота ќе се до објаснува јазикот иако никому никогаш и никаде во светот не му беше потребна таа фуснота, а сега самите си ја додадовме таа фуснота.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика