Од кога почина нејзината мајка Дивна, српската пејачка е видена само два пати како излегува од нејзиниот дом на Дедиње.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 11:51

СТРАШНО : Јелена Карлеуша сака да изврши самоубиство ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што изјавуваат нејзините пријатели за српски „Ало„, Карлеуша се наоѓа во голема депресија, пие лекови за смирување и на тој начин се обидува да го уништи својот живот, како практично да сака да изврши самоубиство, поради смртта на нејзината мајка Дивна Карлеуша.

Од кога почина нејзината мајка Дивна, српската пејачка е видена само два пати како излегува од нејзиниот дом на Дедиње.

Како што изјавуваат нејзини блиски пријатели таа се наоѓа во многу лоша здравствена состојба, и цело време пие лекови за смирување, бидејќи не може да прифати дека нејзината мајка не е повеќе меѓу живите.

Куќата од Дивна Карлеуша, во која Јелена го помина своето детство.

Нејзините пријатели не знаат до кога ќе трае оваа агонија со пејачката, бидејќи таа не сака да јаде, ни да пие од кога ја нема нејзината мајка. Изјавуваат дека моментално лековите и се најдобар пријател и на тој начин, таа се обидува да се самоубие со лековите за смирување.

Карлеуша одлучила да го промени своето име, односно да го додаде името од нејзината мајка  Дивна.

Како што пренесуваат српските медиуми Јелена одлучила никогаш да не ја продаде куќата на нејзината мајка и на тој начин да го зачува споменот на неа, бидејќи тоа е нешто единствено што таа го имала.

„Јелена секогаш изјавуваше дека нејзината мајка и е центарот на вниманието, а сега тешко ја поднесува нејзината смрт. Таа одлучи да не ја продава нејзината куќа, а нема ни да ги фрла работите кои се во домот на нејзината мајка.

Јелена сака се да остане исто како што беше, за да се потсетува на нејзината мајка кога ќе го посети домот“ вели извор за еден српски портал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести