Столтенбег во врска по политичкиот азил за политички прогон од македонските власти на Никола Груевски, јасно истакна дека тоа не е прашање за НАТО туку проблем на Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 13:14

Јенс го “нокаутираше” Димитров, азилот на Груевски е ваш проблем

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На прес конференција на седиштето на НАТО во Брисел, генералниот секретар на оваа организација Јенс Столтенберг истакна дека азилот на Груевски не е прашање за НАТО.

Столтенберг појасни дека истото треба да го решат меѓусебно македонските и унгарските власти.

Прашањето за бегството на Никола Груевски во Унгарија треба да си го решат Будимпешта и Скопје. – изјави Столтенберг.

Столтенберг беше запрашан за каков кредибилет на НАТО зборува кога токму членка на НАТО му овозможи на поранешниот македонски премиер да добие азил, тој одговори:

Тоа не би го коментирал. Тоа прашање треба да си го решат Будимпешта и Скопје. – искоментира Столтенберг.

Тој истакна дека сега останува македонските власти да го имплементираат договорот од Преспа за името.

Во Скопје веќе се тркала топката, почнати се процедурите за уставни измени. Кога ќе заврши сето тоа, ќе бидеме во можност да го потпишеме пристапниот договор. – истакна Столтенберг.

На состанокот присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој што присуствува во работна посета на Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...