Потерницата за Љужа беше објавена од Јавното обвинителство по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 ноември, 2019 17:10

Јетон Љужа уапсен во Германија, обвинет за убиството на Саздо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јетон Љужа кој е третообвинетиот напаѓач на Никола Саздовски – Саздо вчера е приведен во германскиот град Хамбург, дознава ТВ24 од извори од истрагата.

Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче беше дел од навивачката група ,,Комити”

За приведувањето биле известени и органите на прогонот во земјава.

Потерницата за Љужа беше објавена од Јавното обвинителство по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.

Во отсуство на Љужа им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство.

Никола Саздовски им подлегна на повредите откако минатата година на автобуска постојка брутално беше нападнат и избоден од тројца напаѓачи. 

За потсетување, обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири заедно со уште едно лице на 29 јуни минатата година околу 17.45 часот на бул. Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако тој им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите, при што нанеле смртоносни повреди на Никола.

Никола се здобил со тешки телесни повреди и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување каде на 9 јули почина, а лекарите констатирале мозочна смрт.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.