Јовановска е револтирана од начинот на однесување на дел од пациентите, кои дури им се закануваат ако ги сместат нивните блиски во изолација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 11:59

Јовановска од ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Утрински брифинг

По скандалот со родилката во гинеколошко акушерската клиника кој го објави Слободен Печат во кој трудница која се претставила како докторка не пријавила дека во семејството има позитивен на Ковид 19 и дошла да се породи, резултираше со ставање во изолација на дел од медицинскиот персонал.

Вчера за Утрински Брифинг,  директорката Викторија Јовановска изјави дека станува збор за млада пациентка која се ставила во опасност самата но и своето бебе.

– Станува збор за млада пациентка на 27-годишна возраст, прворотка која што не ги пријавила своите контакти во пријавата која се потполнува со морална и кривична одговорност. Затоа успеала да помине низ Тријажниот центар и примена е на Одделот за патолошка бременост. Таму ги ставила во опасност и себе и своето бебе, останатите пациентки и лекарскиот персонал. Како последица на тоа, правиме нови списоци, реорганизација. Пациентките не треба да се грижат, ќе им биде пружена нега по сите протоколи, иако дел од персоналот сега е во самоизолација, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Јовановска е револтирана од начинот на однесување на дел од пациентите, кои дури им се закануваат ако ги сместат нивните блиски во изолација.

– Иако лекарите се многу пожртвувани, изморени од дежурства, се соочуваат со агресивно оснесување од страна на роднините на пациентките. Тие буквално им се закануваат дека ако бидат однесени во одделот за изолација, ќе им се случи нешто. Не се свесни дека ако мајката е суспектна, а не не извести, со бебето нема да се постапува како по протокол за Ковид, а тоа може да биде опасно, вели Јовановска.

Што се однесува до останатите интервенции, директорката на ГАК се надева дека од понеделник ќе се нормализира работата на клиниката, како што беше пред коронавирусот, иако и сега, како што вели таа, се извршуваат итните операции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести