На тој карван мислам.Тој карван, замина!, вака го започнува својот Фејсбук статус актерот Владо Јовановски кој беше во притвор повеќе од два месеци поради настаните на 27ми април.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 12:05

Јовановски: „Додека ние лаеме, кој кого и за колку сакал да го е*е, отиде карванот!“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека ние лаеме, кој кого и за колку сакал да го е**, отиде карванот…! Да се разбереме, кога велам карванот, не мислам на Европа. Таа одамна е замината од овде…( Кадмо, Европа…)Туку мислам на карванот, кој го пренесува или премостува, македонското цивилизациско наследство. На тој карван мислам.Тој карван, замина!, вака го започнува својот Фејсбук статус актерот Владо Јовановски кој беше во притвор повеќе од два месеци поради настаните на 27ми април.

Тоа цивилизациско наследство, талка низ пустината, натоварено на камили,бројот не им се знае..Камили, нагр’бачени со наследство!Тежок товар, скапоцен!Бесценетото, талка низ пустината.Обезводачено, без бедуини!Знам, некогаш и некаде ќе стигне, тоа, несогорливото,сигурен сум. Можеби некој друг Македонец, пак ќе му се јави на апостол Павле и ќе му рече…Дојди во Македонија и пак помогни ни’, спаси не’!

Aктерот Владо Јовановски, повеќе од два месеца беше во притвор поради настаните во Собранието од 27 април. Минатата година апелацискиот суд одлучи да ја прифати неговата жалба и мерката притвор да ја замени со куќен притвор.

Оној библискиот македонец кој му се јавил во сон на Апостолот, не бил граѓанин на Р. Северна Македонија со коса ц’рта /, продолжува Јовановски…

Ниту пак е важно на која раса припаѓал …(за народи, нации, култури и идентитети не зборувам).Македонизмот е надземен…! А многумина за него горат, гинат и гнијат на земјава.

Нејсе… А тоа дека карванот ќе стигне на вистинско место во вистинско време, без бедуини или со вакви, во тоа не се сомневам. Всушност, муабетот не ми беше за бедуините и за камилите. Туку за наследството и за товарот. Ако не сме достојни, како генерација, за тоа македонско цивилизациско наследство, Тоа истото, ќе си најде друг стопан. Ама ако, има и нешто убаво во тоа…Додека ние Македонците се одмакедончуваме, Немакедонците почнаа да се помакедончуваат. Македонија била, е’ и ќе биде!

Да живее Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...