Предметот го води судијката Васка Николовска-Масевска, која денеска го ислуша Боки 13, кој вели дека неговата мерка притвор треба дабиде заменета со домашен притвор, бидејќи лица кои се вклучени во случајот слободно шетаат, а тој со нарушено здравје се наоѓа во ќелија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 17:11

Јовановски: Сакате да кажам дека Катица или Ременски се виновни и да ме пуштите?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Кривичниот суд-Скопје продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 и второбвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Двајцата се теретат за перење пари, односно за злоупотреба на службената положба. 

Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот Рекет, денеска пред обвинителството образложи зошто мерката притвор треба да му биде заменета со домашен притвор.

Предметот го води судијката Васка Николовска-Масевска, која денеска го ислуша Боки 13, кој вели дека неговата мерка притвор треба да биде заменета со домашен притвор, бидејќи лица кои се вклучени во случајот слободно шетаат, а тој со нарушено здравје се наоѓа во ќелија.

– Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене. Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е виновна и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е виновна за Меѓународен сојуз? – рече Јовановски.

На неговата изјава реагираше обвинителката Вилма Русковска, на што Јовановски и возврати: „не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности”.

– Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете, отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска ќелија – рече Јовановски.

Денеска пред Кривичниот суд „Рекет“ сведочеше и адвокатот Васил Димишков, кој се споменуваше во видео материјалите објавени од Ла Верита. Имено тој е брат на судијата Весна Димишкова, која му одреди притвор на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев.

Димишков денеска пред судот речедека Камчеви сакале да го искористат за неговата сестра по сила на законот да биде изземена од предметот ‘Империја’ .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести