Проверени се определни жиро сметки на лицата кои се осомничени, сефови и други околности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2019 23:19

Јовески за КОД: Не би поштедиле некој политичар ако е вмешан во “Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски за КОД, изјави дека не е информиран и не знае дали Јанева присуствувала на примопредавање на 500 илјади евра кои првоосомничениот за рекетот Бојан  Јовановски ги примил од луѓе на Орце Камчев.

-Таков момент јас не знам и не е потврден со докази,рече обвинителот Љубомир Јовевски за КОД.

Во интервју за КОД, Јовевски истакна дека не ги знае платите во СЈО и како се формирани, но дека нема зошто да ја крие неговата плата која со додатокот за стаж (минат труд) изнесува околу 80 илјади денари. ФОТО: КОД

КОД: Каде завршиле парите? Барем оној дел, милион евра од торбата Луј Витон?

Јовевски: Тоа е уште дел од истрагата. Се одвива финансиска истрага. Проверени се определни жиро сметки на лицата кои се осомничени, сефови и други околности.

КОД: Дали има и други повикани политичари за кои јавноста не знае?

Јовевски: Не знам зошто тоа прашање е толку еве да кажам актуелно. Извинете бидејќи сега ќе ја прекршам презумпцијата на невиност, но доколку ние отворивме истрага и го баравме притворот за еден наш колега, за специјалниот јавен обвинител, зошто би поштеделе некој политичар доколку има потреба.

КОД: Дали сте повикале некој адвокат, некој судија во истрагата за рекетот затоа што имаше некои наводи за инволвираност иако не можевме да видиме со свои очи таков документ?

Јовевски: Да, точно е дека има такви наводи. Јас во моментот не знам каков е планот и распоредот на обвинителката Русковска и веројатно ќе ги повика тие лица.

Целото интервју на Јовески прочитајте го ТУКА.

Извор Телма.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести