Јовески ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Објавил: Перо Милчин | 20 октомври, 2019 12:20

ЈОВЕСКИ: Наводите на „Ла Верита“ се чиста шпекулација, тогаш Рускоска не беше раководител на Ообвинителството за организиран криминал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, вели дека во периодот за којшто пишува италијанскиот весник Ла Верита” Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави Јовески.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нови информации за случајот „Рекет“ и вмешаност на премиерот Зоран Заев и обвинителката Вилма Русковска.

Како што пишува весникот, премиерот барал до Русковска да се одблокираат 750-те илјади евра на градежниот бизнисмен Силјан Мицевски.

-За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, напиша италијанскиот весник Ла Верита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести