„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Објавил: Перо Милчин | 26 ноември, 2021 7:21

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Фото/Текст извор: ©магазин

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека очигледно било дека не биле запазени сите процедури од агенцијата „Беса Транс Скопје“.

Тој вели дека уште додека биле во Бугарија наредиле да се заплени документацијата на превозникот, од каде биле известени дека нема списоци во писмена форма.

Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Државниот јавен обвинител вели дека нема информација дека арапски државјанин е помеѓу преживеаните патници и додава дека Обвинителството ја запленило целата документација и компјутерите од компанијата „Беса Транс“, како и податоци од царинските органи, при напуштањето и влезот на автобусот на граничните премини, кои треба да дадат повеќе одговори на тоа кој патувал во автобусите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.