Пред да се сретне со Рикер, Мицкоски на прес-конференција изјави дека се што има СЈО како предмет да биде предадено на републичкиот обвинител и тој понатаму да решава каде тие предмети ќе припаднат според надлежноста.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јули, 2019 15:27

ЈОВЕСКИ: “Нерационално е сите истраги на СЈО да ги добијат други обвинителства”

Фото/Текст извор: ©24 вести

Државниот обвинител Љубомир Јовески за ТВ24 вели дека е нерационално решение сите постапки на СЈО кои се отворени од самото постоење да бидат предадени во неговото обвинителство, а потоа тој да ги прераспределува на други обвинители.

„Не е рационално решение, но не значи дека е неизводливо. Сепак мислам дека и во таква ситуација според надлежноста најголем дел од предметите би припаднале токму во новото обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција и не гледам друга поента за такво решение освен дека ќе се oдолговлечат постапките.

Ако се што имаше како случај СЈО се префрли на други обвинителства ќе се изгуби дополнително време, месеци за тие нови обвинители да ги проучат предметите. Не верувам дека ова ќе биде прифатено, со оглед на фактот дека премногу ресурси и време се вложени во СЈО за да бидат сработени тие предмети“ – рече Јовески.

Јовески одговори на нашето прашање, по вчерашниот најнов предлог на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Пред да се сретне со Рикер, Мицкоски на прес-конференција изјави дека се што има СЈО како предмет да биде предадено на републичкиот обвинител и тој понатаму да решава каде тие предмети ќе припаднат според надлежноста. Го обезбедивме најновиот предлог закон на опозицијата, а токму нивното решение за истрагите на СЈО гласи :
– Член 53
(1) Предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година и предметите кои се во фаза на судење, а врз кои е воспоставена надлежност согласно член 11 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до 30 јуни 2017 година, минуваат во надлежност на Јавниот обвинител на Република Македонија

(2) Јавниот обвинител на Република Македонија одлучува на кого ќе ја делегира надлежноста за предметите од став 1 на овај член.
(3) Јавниот обвинител на Република Македонија постапките кои се започнати од 30 јуни 2017 година, од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите како и целокупниот доказен материјал должен е да постапи согласно со член 12 од Законот за Кривична постапка, Начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30.01.2019 година, како и Препораката на Комитетот на Министри при советот на Европа Бр. (87) 15 и Препораката на Комитетот на Министри при советот на Европа Бр. (85) 10, Улогата на јавното обвинителство во системот за кривично правда Препорака Rec (2000) 19 и членот 8 Од Европската конвенција за заштита на основните човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести