А колку што ми е познато, ниту ФФМ нема никави сознанија за организирање на ваков Мундијал кај нас, изјави Фрчкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2020 17:27

Јон Фрчкоски: Не сме добиле никакво навестување дека Мундијалот на непризнаени држави ќе се игра во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јон Фрчкоски, кој e директор во секторот за правни и општи работи во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, во изјава за МИА ги дематираше пишувањата во некои македонски медиуми дека на Арената „Тоше Проески“ во Скопје ќе се игра Светско фудбалско првенство на непризнаени држави и малцински заедници.

Јон вели дека сите заинтересирани за одигрување фудбалски натпревари на стадионот, прво треба да ја контактираат Фудбалската федерација на Македонија.

Конфедерацијата на независните фудбалски асоциации (КОНИФА) објави дека Светското фудбалско првенство на непризнаени земји ќе се игра во Скопје.

Во некои македонски медиуми се појавија шпекулации дека Конфедерацијата на независни фудбалски асоцијации во Македонија од 30 мај до 7 јуни ќе организира Мундијал на кој ќе учествуваат 16 репрезентации.

– Ниту сме имале, ниту имаме навестување за барање за одржување на ваков настан на Арена „Тоше Проески“. По шпекулациите во дел од медиумите во врска со овој настан, разговарано е во нашето претпријатие и заклучено дека немаме интенција да го отстапиме стадионот на користење за фудбалски натпревари на било кој субјект, освен на македонски екипи и се разбира на репрезентацијата.

Мислам дека сите други заинтересирани за одигрување фудбалски натпревари на нашиот стадион, прво треба да ја контактираат Фудбалската федерација на Македонија.

ОНИФА објави дека Скопје ќе биде домаќин на нивното фудбалско првенство, кое ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни.

КОНИФА (CONIFA) е акроним за Конфедерација на независните фудбалски асоцијации, во која се земји кои не се признаени како членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ниту од Обединетите нации (ОН), а турнирот ќе се игра од 30 мај до 7 јуни во земјава.

„Не можеме да дочекаме да ги пречекаме сите во прекрасната Македонија!“, стои во соопштението на КОНИФА, која ја сочинуваат територии кои не се признаени ниту од Обединетите нации ниту од ФИФА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести