Имено таа ја изведе химната на Хрватска на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 10:12

Јосипа Лисац заработи кривична поради несоодветно изведување на химната (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пoзнатата хрватската пејачка Јосипа Лисац заработи кривична пријава за изведување на химната.

Имено таа ја изведе химната на Хрватска на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, пријавата била поднесена од адвокатот Бошко Жупановиќ, кој изјави дека „химната на Република Хрватска е изведена на подбивен и омаловажувачки начин“.

„Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството“, рече Милановиќ на инаугурацијата.

Жупановиќ посочува дека познатата пејачка Јосипа Лисац со нејзиното несоодветно изведување на националната химна извршила кривично дело кршење на угледот на Република Хрватска со „користење подбивни артикулации и тоналитети“.

– Не сакам внимание на медиумите. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е само исмејување и дека не соодветствува за никаков настан, а камоли на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател – рече Жупановиќ за Индекс.хр.

Жупановиќ рече дека ја напишал пријавата затоа што сметал дека тоа е негова граѓанска должност.

За потсетување, пред два дена новиот претседател Зоран Милановиќ положи заклетва и стана петтиот претседател на Хрватска.

На инаугурацијата хрватската национална химна ја пееше Јосипа Лисац а за нејзиниот настап многумина имаа лоши коментари. 

На социјалните мрежи имаше најразлични коментари, дека таа ги заборавила зборовите од химната и пеела по свое, други пак коментираа дека ќе беше подобро ако и ’дозволеше на поранешната претседателка, Колинда Грабар – Китаровиќ да ја пее химната.

„Така звучам јас кога пеам пијан“, беше еден од коментарите кој го одзема вниманието.

Слушнете како звучеше:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.