ЌЕ ОДАМ НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ СО ЗАЕВ И ЌЕ АГИТИРАМ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ!

Објавил: Македонка Димкин | 20 јуни, 2018 1:14

Јоханес Хан: Во Македонија имам одреден кредибилитет и сум подготвен да го искористам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Комесарот за проширување на ЕУ, Австриецот Јоханес Хан, смета дека решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје има значење за целиот регион. Тој изјави дека ЕУ мора да ги исполни дадените ветувања, доколку македонските власти ги исполнат потребните услови.

Според него, во моментов постои позитивен тренд во регионот, а причината за тоа е стратегијата за проширување на ЕУ, која отвора перспектива за сите земји.

Хан, во интервју за дневниот виенски весник „Стандард“, вели дека е убеден оти референдумот во Македонија ќе биде поддржан од мнозинството граѓани

Во септември или октомври треба да се одржи референдум, а јас се понудив на лице место да го промовирам решението. Во Македонија имам одреден кредибилитет и сум подготвен да го искористам. Сепак, важно е референдумот да не се меша со други избори бидејќи во спротивно може да биде вовлечен во партиско-политичка битка. Лидерите во земјата, без разлика на која политичка страна се, ми се чини дека признаваат оти успеа нешто кое е од интерес за земјата и целиот регион и тоа е причината зошто јас сум убеден дека референдумот ќе биде поддржан од потребното мнозинство“, објаснува еврокомесарот Хан.

Изјави дека тргнувајќи од тоа што челниците на ЕУ позитивно реагираат на постигнатиот договор, смета дека на Самитот закажан за 28 јуни ќе дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори.

„Ваквата основана еуфорија можно е да се преслика и во јули на самитот на НАТО, каде се работи на покана за членство. Ако наесен дел од опозицијата тргне по истиот пат и биде постигнато двотретинско мнозинство за промена на Уставот, врз онова на успешен референдум, грчкиот парламент би можел да го ратификува протоколот за пристапување кон НАТО“, ги објаснува Хан можните понатамошни чекори во процесот.

Запрашан дали е сигурен дека Атина ќе го примени договорот, Хан одговора дека единствено нешто кое е сигурно е смртта.

„Но договорот на хартија е добро паправен, а и Ципрас е професионален политичар. Договорот е во интерес на граѓаните на Грција и за стабилноста во регионот. Од искреното пријателство меѓу соседите корист може да имаат сите“, смета еврокомесарот.

Јоханес Хан (роден на 2 декември 1957 година) е австриски политичар кој работел како европски комесар за европска политика за соседство и преговори за проширување од ноември 2014 година. Претходно тој беше европски комесар за регионална политика од 2010 до 2014 година и како австриски министер за наука и истражување од 2007 до 2010 година

»Тој истакнува дека решението на спорот за името, ја зацврстува положбата на Западен Балкан во заедницата на западни вредности«. Запрашан дали е можно за наесен да започнат пристапните преговори со Македонија, Хан, вели дека сега е важно да започнат подготовките за отворањето на поглавјата, односно дека се работи за еден сеопфатен скрининг процес, кој треба да покаже дали постојат услови за отворање на поглавја.

Тој, исто така, изрази уверување дека Албанија, поттикната од македонското решение, ќе биде во можност да ги почне пристапните преговори, бидејќи можностите за реформи се најголеми во текот на преговорите.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика