Мемоари за Љубе Бошкоски : сега морам да глумам лудило и да играм на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојдам на власт ќе го сменам името за два дена

Објавил: Македонка Димкин | 17 декември, 2019 10:42

Јохан Тарчулоски му „стегна„ шамар на брат Љубе Бошкоски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Одкако лидерот на партијата која едвај има 5000 членови Љубе Бошкоски го прозва вчера лидерот на најголемата Македонска партија Христијан Мицкоски на ТВ дуел, на ФБ се огласи Јохан Тарчулоски македонски херој кој поради политичка одлука невин одлежа во затворот во Хаг.

Љубе на ФБ:Со целосна почит кон Вас, но забележувам во последно време некако сте опседнати со мене, па се почесто го изговарате моето име, а притоа морам да констатирам дека не сте добро информирани и намерно или не ширите дезинформации.
Јас, како основач на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој е 30 години ВМРО, со цела почит кон Вас, ама не ве познавав до неодамна и прв пат ве видов на телевизија пред некое време.
Но, побитно е дека како човек кој замислува дека ќе стане некогаш премиер, треба да разликувате што е министер за странски инвестиции, а што е советник за странски инвестиции.
Јас не сум министер за странски инвестиции, туку сум советник на премиерот за странски инвестиции.
Господнине Мицкоски, тоа значи дека јас советувам, немам обврска да носам странски инвестиции.
Но и покрај тоа, инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство.
Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого за ракави.
Со сета почит, господине Мицкоски, но мислам дека малку сте ја згрешиле стратегијата. Сега е дозволено и добро е да се критикува, но пред тоа треба да се извините и да се оградите од досегашното владеење на вашиот ментор.
Без тоа, господине Мицкоски, со сета почит и најдобронамерно сакам да ви кажам дека вашиот рок на траење ќе биде само уште неколку месеци.
Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, вклучувајќи ги и тие во хидроцентралите ви стојам на располагање, на било која телевизија и во било кој термин.
Ако сте толку убедени дека сте лидер, прифатете ја поканата и очекувам многу брз одговор./Фото принтскрин гугл

Гледам дека Љубе седнат во скутот на Заев се интересира за ТВ дyел со лидeрот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Од друга страна, интересот на ВМРО-ДПМНЕ е да има ТВ дyел со оној кој што му диктира на Љубе вака да пишува, а тоа е Зоран Заев, се со цел да се дискутира за кaтастрофалните политиките што ги води во државата. Иако е осмислено од советниците за ПР на Заев, кои се со средно училиште, сепак е премногу.

И кога сме кај ВМРО, Љубе седнат во скутот на Заев, најмалку има право да зборува за ВМРО и да го повикува Мицкоски, затоа што на ВМРО не му треба Љубе, но очигледно му треба на Заев, кој го продаде името, свитка кичма и не му е мака за тоа.

Секој ден нова трговија, и се така додека Љубе си молчи, а Заев продава. Ете тие двајца, Љубе и Заев, може да си зборат за внатрешна и надворешна трговија и да си се восхитуваат еден на друг. Љубе да го восхитува Заев со инвестициите, а Заев да се фали со ФБ и Гугл, кои не дојдоа. И се така да си се лaжат еден со друг, затоа што тоа најдобро го прават.

Црни Љубе, помина твоето време во политиката, а гледам од инвестициите ви врват само оние домашните, во 4 очи, а странските ги нема. Уште 17 дена Заев премиер, исто толку и Љубе советник, напиша Јохан Тарчуловски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.