"Пројдоа деновите кога се „возеше“ на режим"

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 12:29

Јоци: Ако ВМРО-ДПМНЕ собра волку народ по една година, колку ли ќе собере следната пролет?

Фото/Текст извор: ©Фејсбук

Ако ВМРО-ДПМНЕ собра волку народ по една година власт на Заев, и тоа на митинг кој воопшто не беше најавуван долго и бомбастично, а нема на повидок ни никакви избори, се прашувам колку ќе собере следната пролет, напиша новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот Фејсбук профил.

-Она исто ВМРО, чии функционери, секој втор ден се по судови. Заеву, сам си го бараше. Име, закони за двојазичност, менување на истории, Устав, вработување на багра, неработење, делење места на морони, непотизми, фамилијарни бизниси, делење тендери, мендери, излитени пароли… Пројдоа деновите кога се „возеше“ на режим. Пројде филмот за режим кај народов. Ако. СДСМ е катастрофа во секој поглед. Ти си имаш поголем проблем всушност со оние кои те донесоа на власт, меѓу нив и јас. Само ти верувај си на тоа анкетите ,,а-ла Груевски”. Ти имаш проблем со неисполнување на ветеното и со шибицарење под маса. Тоа не проаѓа, му порача Јоци на премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија