Ах бе сдсмовчиња, споменик за Александар Македонски во центарот на Скопје изгласа СДСМ кога беа мнозинство

Објавил: Узунов Бобан | 17 август, 2019 16:12

Јоци: Ах бе сдсмовчиња, споменик за Александар Македонски во центарот на Скопје изгласа СДСМ кога беа мнозинство во 2005 година

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци по повод поставувањето на таблите на споемениците во центарот на Скопје и отстранувањето на сонцето од Кутлеш ги потсети СДСМ дека токму тие ја почнале антиквизацијата за која сега самите ја бришат. 

Тоа сонцето од Кутлеш уште Пенов го редеше низ Скопје. 
Кога беше со ВМРО, во прв мандат.
На Кеј, меѓу коцките, кога реконструираше.
Пошо тогаш беше поголем вмровец и од вмровците.

Да не биде заборавил.
А, да, и Програма на Совет на Скопје, изгласа за споменик на Александар Македонски низ Центар заедно со СДСМ во 2005 година, кога беа мнозинство. 
Ах, бе, сдсмовчиња.

Све ви памтам.
И сега бришете се` сами што сте гласале.
Еве, ја како времеплов, го потсетувам народов дека од вас почна антиквизацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести