После второ рочиште, ќе пресисаш, ќе те пренесат пет портала, на трето рочиште три, и после сите ќе заборават дека постоиш.

Објавил: admin@magazin | 25 септември, 2019 9:27

Јоци до Александар Инфомакс: “Брадоњо, кариера вака не се гради, не си ѕвезда, а ниту ќе бидеш- урлаш ко јагне на клање„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

,,Најпрогонуваниот”, кој, откако доби кривична од ОЈО, а допрва кривични од пола Влада по пошта, ќе мора да сфати една ствар – дека не е ѕвезда, а ниту ќе биде, пишува на социјалните мрежи новинарката Јоци за уредникот на Инфомакс Александар Митовски кој доби кpивична приjaва поради наводно откривање на службена тајна со објавувањето на исказот на сведoкот Орце Камчев во случајот Peкет.

Вака, кариера, драги брадоњо, не се гради. Многу те опуштил Груевски. Не си навикнат на притисок, затоа вака урлаш ко јагне на клање.

Па, што да кажеме сите ние, правите новинари, кои Груевски не’ носеше на клање преку неговите монструмчиња кои ги поставуваше за шефчиња ?
Ако сакаш поддршка од интелектуала за да извлечеш задник, намали его, маци, особено она дека ,,буткаш Влади со пенкало”. Поминаа три месеци, ти никако да бутнеш Влада.

Троа си забавен за миг.
Па, почни да се извинуваш за сите шитови кај тебе на сајт за ,,шарени” и умрени нечии деца.
А, ако не сакаш, слободно курцај се.
После второ рочиште, ќе пресисаш, ќе те пренесат пет портала, на трето рочиште три, и после сите ќе заборават дека постоиш.
Тоа со Кежо беше друга прикаска. Не се вози на тоа. Тогаш протестите го достигнаа пикот. Башка, невладини, се вклучија со поддршка. Уранија, каква е , таква е, ама е битна за целата слика.
Гледаш некаде протести на повидок со поддршка од невладини ?
Кога јавноста не дава поддршка, особено интелектуала, значи нема скандал.
Тика – Зеро.
Али, ти не си учел јавно мислење, а не си ни работел новинарство. Тоа е.
Сфаќам.
Затоа вака лабав, со стомакот напред.

(Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)

Главниот и одговрен уредник на Инфомакс, Александар Митовски во вечерашното гостување во вестите на телевизија Алфа зборуваше за кривичната приjaва која ја заработи поради наводно откривање на службена тајна со објавувањето на исказот на сведокот Орце Камчев во случајот Peкет.

Тој во интервјуто рече дека очекувал вакво нешто да се случи, бидејќи се работи за политичка нарачка од страна на власта. Александар Митовски рече дека не станува збор за никакво прекршување на некаков закон ,туку едноставно политички притиcoк врз слободата на медиумите.

-Апсолутно сум очекувал вакво нешто не заради тоа што постои некаква правна основа за да покренат ваква кривична пocтапка едноставно се работи за политичка нарачка, ова не е процес во кој што се работи за пpeкршување на некаков закон или пpeкршување на некое право кое на некој му е одземено. Едноставно е политички притиcoк врз слободата на медиумите, врз слободата на говорот, во случајов станува збор за мене.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...