Да не го потпишеше Нејскиот договор, Заев, ќе се родеше во бугарска Струмица и немаше да биде премиер на Македонија после Груевски.

Објавил: admin@magazin | 9 септември, 2019 15:16

ЈОЦИ: “Никола Груевски е заглавен е во филмот на Тодор Александров – ЖИВА СИ ДОСАДА”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ќе не` искара со Бугарите побегуљата во Будимпешта со неговите мрачни и ретроградни писанија од станови на разузнавачи, во кои живее, пишува новинарката Јорданка Ивановска Јоци за бившиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Напишал повторно жива досада, чаршаф, кој никој не го чита.

Но, некаде при крај, кога ќе скролате, е следното.
Владеењето на Александар Стамболиски го нарекол режим, а за Бугарите тој е секако – реформатор.
Од друга страна, Стамболиски, го потпиша Нејскиот мировен договор, кој за Бугарите и ден-денеска е катастрофичен.
Со тој договор, општина Струмица и околината, излегоа од окупираните територии и се вратија во границите на Македонија. И останаа до ден-денешен.
Да не го потпишеше Нејскиот договор, Заев, ќе се родеше во бугарска Струмица и немаше да биде премиер на Македонија после Груевски.
Причинско-последични врски.
Ете, затоа на овој, Стамболиски, му е режим во 2019 – та.
Се` друго му е млатење празна слама.
Заглавен е во филмот на Тодор Александров.

(Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести