Таа на социјалните мрежи сподели вест со јавноста, поточно таа на Фесјбук објави дек врз неа е направено насилство од страна на новинарот Томислав Кежаровски.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 8:46

ЈОЦИ: Томислав Кежаровски ме нападна – случајот пријавен во полиција- МОРАМ ДА СЕ ЗАШТИТАМ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци е позната која секогаш е гласна во нејзините ставови на социјалните мрежи кога станува збор за политиката во нашата земја.

Таа на социјалните мрежи сподели вест со јавноста, поточно таа на Фесјбук објави дек врз неа е направено насилство од страна на новинарот Томислав Кежаровски.

Томислав Кежаровски, денеска, официјално со материјален доказ за тегнење за рамо во мое возило ( видео снимка од видео надзор ), е пријавен за малтретирање со записник во полиција. Прекршочно. Мислев досега ќе се извини јавно, не се извини.

Пред две недели беше пријавен, тој и жена му, за сајбер закани во Секторот за интернет криминал и дигитална форензика – шест принт скринови од фб комуникација на нивни профили, со јавни закани, пред малтретирањето на јавна површина и по настанот. Кривично дело.

Морам да се заштитам, а ова е институционалниот начин.

Како МВР ќе постапи по ова, не знам.
Мое е да пријавам. Со материјални докази.

Јас не се служам со чаршиски муабети од типот ,,овој кажа она, тој кажа ова”. Тоа не важи во правна држава, ако се стремиме кон ЕУ и навиваме за тоа. Секој може да каже сешто, но тоа се муабети сретсело.

Јас им однесов материјален доказ.
А, само тоа на суд важи плус сведоци.
Се` друго е ,,чаршија” и не се зема во обзир, стои во нејзината објава на Фејсбук

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести