- Честитки до Северномакедонските репрезентации за победата над Летонија (Латвија)

Објавил: Весна Петровска | 12 септември, 2019 18:15

Јоци удри по сопругот на Дескоска: Некоја зараза се проширила во СДСМ, но не остана и рамнодушна и за СЈО – Дечки,СЈО е во СТЕЧАЈ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Долгогодишната новинарка Јорданка Ивановска- Јоци која е една од највлијателните новинари на социјалните мрежи удри по сопругот на министертката Рената Дескоска откако нејзиниот сопруг на социјалните мрежи упати критики до македонската репрезентација за победата над Летонија

– Честитки до Северномакедонските репрезентации за победата над Летонија (Латвија)

Уште и без примен гол!, стои во неговата објава.

Па по оваа објава Јоци на Фејсбук се запраша каква ли зараза се проширила во СДСМ.

Во продолжение прочитајте го нејзиниот статуст во целост.

Тони Дескоски, професор по меѓународно право на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје,

И маж и` на Рената Дескоска почнал да употребува кованици. Отишол и подалеку, па зел да дели новинари по ,,клубови”.
Не сме знајале, али имало клуб викан ,,Само Македонија”.

Дескоски ми беше асистент своевремено, но од никогаш не сум му ја трпела таа негова мускулна стегнатост како да го носат на електрична столица, здрвеност, недостаток на смисла за хумор, конзервативност во облекување на така млад дечко (тогаш имаше 25 години), ставот сосе ароганцијата. Самоубиствена комбинација.
И еве, стварно – во 2019-та си прави јавно ,,харикири”, стои во нејзиниата објава.

Исто така Јоци упати критика до врботените во СЈО откако тие преку соопштение изјавија дека плашат за нивната судбина, исто така во соопштението пишува дека прифатиле да работат во време на безбедносен ризик за нив и за нивните семејства со надеж за владеење на правото и дека еден дел од нив имаат договори на определно време до укинување на Обвинителството, односно до 15 септември 2020 година.

 

– Пола од овие, колку што се сеќавам, Катица ги вработи. Ќеркички, синови, снаи, зетовци, пријателчиња…
Шаком и капом вработуваше на државна цицка и цедеше Буџет.
Нека ја соопштат бројката на ова привремено тело, па нека се фати јавноста за глава.
И самите се свесни дека со укинување на СЈО, престанува нивниот работен однос.

СЈО е во СТЕЧАЈ, дечки.
И приватна фирма кога ќе отиде под стечај, вработените одат под Завод и потоа се снаоѓаат.
Цел МПМ отиде, своевремено, под стечај па не плачевме по амбасади.
Што има да ви продолжуваат работен однос на наша сметка !?
Ајде, сите под Завод, имате таму курсеви за резба, стакло, швајс мајстори, учете занаети. Ќе ви платат за да учите, башка.
Ние со 20 години стаж, факултети и куп признанија, па учевме занати.

И сеа, освен што знам да сечам со перо, знам и да сечам прецизно и со ,,елмаз”.
Убајни !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести