Ваквата вест не беше добро примена од жителите на главниот град

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 мај, 2019 18:13

ЈСП ќе превземе санкции за возачот кој не дозволил Александар да влезе во автобус со своето куче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред извесно време беше соопштено дека слободен пристап за кучиња придружници за лицата со посебни потреби ќе има во автобусите на ЈСП и жичарницата.

Лицата со попреченост ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП и со жичницата

Ваквата вест не беше добро примена од жителите на главниот град, а непосредно по донесената одлука Александар кој е лице со посебни потреби на Фејсбук објави дека не му било дозволено да влезе во автобус на ЈСП со своето куче придружник.

И откако скопјанецот Александар Велески кој со години се бори со Целебрална парализа, сметаше дека конечно си го оствари сонот, и направи прошетка на жичарата со своето куче Бен, наиде на непријатна ситуација.

Од ЈСП реагираа на ваквата постапка и велат дека ќе следи санкција.

Почитувани,
Ве информираме дека ЈСП Скопје преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.
Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено. Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.
Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран, стои во соопштението на ЈСП.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.