По третата средба на претседателите на Јужна и Северна Кореја, кои 70 години живееја во меѓусебна изолација, и официјално се отвори прашањето за обединување во една држава

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 12:11

Јужна и Северна Кореја пред обединување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин одржа говор во Пјонгјанг, со кој ги повика илјадниците Севернокорејци да се стави крај на 70-годишното непријателство и да се изгради иднина на мир и просперитет.

Живеевме заедно 5.000 години, а одвоено 70 години. Сега предлагам во целост да го отфрлиме непријателството од изминатите седум децении и да направиме голем чекор напред кон мир, со цел повторно да станеме едно. – порача Мун.

Тој и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун со сопругите синоќа присуствуваа на масовните игри “Славна земја” на стадион во Пјонгјанг, гледајќи настап на илјадници изведувачи.

Јужна Кореја соопшти дека овие игри привлекле околу 150.000 гледачи.

Лидерите на двете Кореи денеска ја посетија и светата вулканска планина Паекту. Тие заедно со сопругите со жичара се искачиле до кратерот на врвот на вулканот.

Мун притоа рекол дека односите меѓу двете Кореи би требало да се подобрат за да можат што повеќе Јужнокорејци да го посетат вулканот. Тој денеска попладне ќе се врати во Сеул.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.