Претседателот на ЕК потврди дека ако има ново проширување тоа ќе се Србија и Црна Гора во 2025 година а Македонија и Албанија би дошле на ред 30 години подоцна

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 7:50

Јункер: “Ако Балканот не се интегрира, ќе има војна”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер вели дека на Западен Балкан му се заканува сценарио од 1990-тите, односно нестабилност, доколку ја изгуби перспективата за членството во ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, возврати прв, и рече дека таа можност не би ја исклучил.

Имам целосно почитување кон Јункер за разлика од многумина кои измислуваа дека бил пијан. Тој не беше пијан, бидејќи има проблеми со кои многумина од нас се соочуваат во движењето. Тој е сериозен и одговорен човек. Можеби е претерано тоа што го кажа, но јас не би го отфрлил тоа, ако бидеме оставени сами на себе. – изјави Вучиќ.

Јункер рече дека ако на Балканот му се скрати шансата за ЕУ, наскоро ќе има војна. 

Според него, ова ќе се случи ако ЕУ дозволи да згаснат надежите на Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Македонија и Црна Гора за пристап во Унијата.

Ако, во крајно комплицираниот пејзаж на Европа, се појави впечаток дека не сме сериозни во нудењето ЕУ членство на Западен Балкан, подоцна, а веројатно и порано, може таму да го видиме она што го видовме на Балканот во 1990-тите. – рече Јункер во говорот пред австрискиот парламент.

Јункер  минатиот декември кажа дека проширувањето на Балканот е од витално значење за одржување на стабилноста во регионот и дека очекува Србија и Црна Гора да влезат во блокот до 2025 година а Албанија и Македонија 30 години подоцна.

Сепак, патот до полноправното членство во ЕУ за овие држави “се уште е многу долг”. – рече Јункер.

Иако некои од земјите постигнаа напредок, “тој напредок сe уште не е доволно голем” истакна тој.

Јункер посочи дека ЕУ може да им понуди на државите еден вид “економска област каде што делумно може да се однесуваат така како што на крај ќе се однесуваат како полноправни земји членки”.

Претседателот на Европската комисија повтори дека не смета дека некоја од нив ќе постигне полноправно членство “пред 2025 година, па дури и тогаш тоа нема да биде брзо”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...