Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови, изјави Јункер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јануари, 2019 13:07

ЈУНКЕР : “Атина и Македонија да си го решат процесот со името”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Јункер одговори на новинарско прашање на прес конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, дека е “импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за Дојче веле оценува дека Македонија прави многу голем напредок во насока кон Европа. Јункер смета дека условите за членство мора да се исполнат, а тоа вклучува и сите држави од Западниот Балкан да ги решат своите меѓусебни проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.