Унгарскиот премиер, Виктор Орбан на заканите од Јункер кратко одговори, тоа е тој полуфабрикант кој се добива од националистички дух во тело на комунистички бирократ

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 7:24

Јункер лично ќе го бркал Орбан од ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, член на ЕПП, јавно се закани дека унгарскиот премиер ќе биде избркан од партијата.

Во интервју за францускиот весник “Ле Монд”, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, кој доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП), смета дека на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата партија не им е повеќе местото во оваа политичка група.

На господинот Орбан не му е повеќе местото во ЕПП. Тоа го кажав на самитот на нашето политичко семејство во Салзбург (на 20 септември). И, иако го почитувам човекот, гледам многу некомпатибилности помеѓу неговите зборови и демохристијанските вредности врз кои е основано семејството ЕПП. Освен ако ни гарантира дека ги почитува темелните вредности и изборната програма на ЕПП. – изјави Јункер за “Ле Монд”.

Јункер беше кандидатот на ЕПП на последните европски избори во 2014 година. Ова е неговиот последен мандат, тој најави дека нема намера повторно да се кандидира за истото место.

Во интервјуто со “Ле Монд”, тој потсетува дека е во европската политика од 1982 година и дека не е првпат да се предвидуваат црни сценарија за иднината на ЕУ, иако не ги игнорира проблемите со кои се соочува Унијата.

Се согласувам дека треба борба против акутните популизми и непромислените национализми. Сепак, да се сведува влогот на европските избори само на овој проблем, иако е огромен, не ги рефлектира целосно предизвиците. – изјави Јункер.

Тој ја осуди реториката на земјите од Вишеградската група за мигрантите и отсуството на солидарност од нивна страна во однос на квотите.

Интегралното одбивање бегалци од страна на некои земји и опасните реторики дека Европа се соочува со исламска инвазија се неприфатливи. – истакна претседателот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...