Има лесни симптоми и ќе биде изолиран додека не добие негативен тест. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2020 18:33

Љубе Бошковски позитивен на коронавирус- се заразил од близок пријател!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски е позитивен на коронавирус, објави ММС.

По парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. На 31 јануари 2001 година, бил именуван за државен секретар во МВР. За време на Вооружен конфликт од 2001, на 13 мај 2001 година бил назначен за Министер за внатрешни работи на Република Македонија во широката владина коалиција.
По парламентарните избори на 15 септември 2002 година, бил разрешен од функцијата Министер и станал пратеник во Собранието на Република Македонија. Во април 2004 година, со собрани 10.000 потписи, Бошкоски се кандидирал на претседателските избори, но од страна на Државната изборна комисија неговата кандидатура била отфрлена заради неисполнување на условот за 15 години непрекинато живеење во Република Македонија.

Има лесни симптоми и ќе биде изолиран додека не добие негативен тест. 

Во изјава за ММС, тој истакнал дека се заразил од близок пријател. 

„Не знаев, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе, а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температура, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран“, вели Бошкоски.

Бошковски е еден од низата политичари кои беа заразени со коронавирусот. Претходно позитивен на Ковид 19 беше скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Арбер Адеми од ДУИ, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и други. 

Инаку во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести